Во охридското основно училиште „Григор Прличев“ –Охрид се реализира едукативно предавање од страна на Отсекот за превенција во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид. Предавањето инаку се реализира во сите основни училишта и е наменето за учениците од VI –VIIIодделение.

Целта на ова предавање е да се доближат до учениците поимите „булинг“ и „сајбер булинг“. „Сајбер булингот“ е секаков облик на насилство помеѓу врсниците во виртуелниот свет. За разлика од обичниот „булинг“ кој може да се случи на улица, жртвата може да доживее непријатност и во својот дом, а тоа насилство да трае 24 часа, седум дена во неделата. Насилникот, кој се крие позади анонимноста која ја овозможува интернетот, често е непознат и не може да се открие неговиот идентитет.
„Сајбер булингот“ се јавува во различни облици и тоа: содржини кои подолго време или континуирано ја навредуваат жртвата; неовластено испраќање на фотографии од жртвите и манипулации со тие фотографии или некои други приватни содржини за жртвата; отворена или сокриена закана за жртвата; поттикнување на употреба на говор на омраза и насилство.
Учениците, не се само ученици тие се и наши деца, секаков облик на насилство врз нив е за осуда. Ваквите предавања се секогаш добредојдени за да влијаат врз идните одлуки на оние кои ќе се осмелат да го користат „булингот“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град