Едноставно решение за дупката

За една недела ќе биде пуштена улицата кај „Макси Д“, каде поради голем пропуст при изведба на атмосферска канализација, зина дел од патот на самата раскрсница. „Изнајдовме едноставно и трајно решение“, вели директорот на ЈП НИСКОГРАДБА-ОХРИД, Владо Цветкоски.

 |  Николоска Биљана  | 
vlado
владо

Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“.dupka Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски.

„На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена неповрзана. Заради тоа со тек на време скоро10 години малку по малку настанало подлукување на замјиште и тоа доведе да тој тампон под дејство на водата влезе во тој атмосферски канал и да настани обрушување на самото земјиште“-вели Цветкоски.

dupkaТешко може да се предвидат ваквите аномалии, појаснува Цветкоски. Според него, линијата каде што настана дефектот започнала од пред фабриката „Братство“, се движи по ул. „7ми Ноември“, па по ул. „Туристичка“ во близина на Охридска Банка и се до пред Макси Д каде се случи големиот пропуст. Цветкоски со оптимистичка најава дека за една недела ќе финишираат со нивните активности за да се пушти улицата за сообраќај.
 
„Ние интензивно работиме на тоа и имаме решение што за брзо време би ја пуштие улицата, најдолго за една недела, правам муабет до фаза на асфалтирање, тоа ние не го правиме како НИСКОГРАДБА“-вели Цветкоски

Цветкоски вели во една ваква околност финансиската штета е занемарлива, и голема среќа што нема повредени и жртви. Трошоците за санација на дупката одат на адреса на Фондот за комунален развој при општина Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top