Едни вистински чекаат работа, други ја одбиваат понудената

Во моментов на пазарот на трудот во Охрид дефицитарни се занимањата програмери и симултани преведувачи од странски јазици, а во индустријата се бараат заварувачи. На листата на чекање работа има невработени правници, лекари, економисти, а меѓу нив  и 8 магистри од облата на економските науки.

 |  Валентина Неловска  | 
Biro za vrabotuvanje
Биро за вработување

Biro za vrabotuvanjeВо моментов на пазарот на трудот во Охрид дефицитарни се занимањата програмери и симултани преведувачи од странски јазици, а во индустријата се бараат заварувачи. На листата на чекање работа има невработени правници, лекари, економисти, а меѓу нив  и 8 магистри од облата на економските науки. И понатака има случаи каде што се одбива работа која ја нуди Центарот истакнува, Јован Баткоски. Таков е случајот со околу 600 келнери и готвачи со завршено угостителско образование. Овие лица не сакаат да работат во нивната струка. Завршиле средно угостителско само колку да имаат оформено средно образование.
Во првиот квартал од годинава за 6 проценти е намален бројот на невработените лица истакнуваат од охридската агенција за вработување.  Лани на евиденција на  Центарот биле 11.289 лица,  додека во истиот период  годинава бројката на невработени е 10.635 лица укажува директорот на Центарот за вработување Јован Баткоски. Владата и Агенцијата за вработувањe постојано спроведуваат мерки за намалување на бројот на невработени. Се поддржуваат самовработувања на разни профили, и како резултат на тоа само во првиот квартал од годинава над 25 лица занетчии кои работеле на црно ги легализирале своите бизниси. Тој смета дека податоците не ја покажуваат  реалната слика со невработеноста во општина Охрид. Структурата на невработени во општина Охрид ја чинат  4500 лица со средна  стручна квалификација, 355 со виша, 1020 со високо образование, 8 магистри од областа на  економијата, а останатите  се без квалификација.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top