Еднаш месечно Бакрачески во обиколка на градот

Градоначалникот Никола Бакрачески во обиколка на градот. Тој заедно со директорите на охридските ЈП како и со раководителите на општинските сектори изврши увид на местата каде што се изведуваат зацртаните проекти кои се предвидени во годинешната програма. Дел од посетата беше и улицата Петрино.

 |  Николоска Биљана  | 
lakocerej
лакочереј

petrinoСе надѕира крајот на маките со кои се соочуваат жителите на ул . Петрино. Како што во неколку наврати информиравме, работите околу асфалтирањето на овој потег се одолговлекоа, за што од Локалната самоуправа од Охрид имаа и образложение. Денес на лице место на ул. Петрино, беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со неговиот тим составен од раководители на сектори како и од директорите на охридските ЈП. Бакрачески најави дека во моментов течат активностите околу доизградба на водоводно канализационата мрежа а веднаш потоа ќе се асфалтира тој потег со цел граѓаните на оваа улица да можат нормално да функционираат.  

„Како што и самите гледате незадоволството на граѓаните сеуште е големо меѓутоа ние не можевме да дозволиме реализација на асвалтирање на патиштата да се прават само за изборни цели и да се манипулираат граѓаните да се става асфалт на недобро подготвен терен“.

Бакрачески најави дека барем еднаш месечно на терен стручните тимови од Локалната самоуправа ќе ги следат тековните работи кои се изведуваат од страна на ангажираните претпријатија. Воедно тој потенцира што се досега е сработено на ул Петрино.

rafto„Во должина од 200 метри воспоставивме водоводна мрежа сега во тек е тампонирање на патот морам да кажам дека подлогата не беше адекватно припремена за да можеме веднаш да пристапиме кон асфалтирање на пристапнит пат“.

Бакрачески денеска во неколкучасовната обиколка низ градот ги посети речиси сите места каде што се во тек изведбени работи. Започна од Лакочереј каде што во моментов течат активностите околу изградбата на канализационата мрежа помеѓу Долно и Горно Лакочереј. На неговата агенда се најдоа и реките Коселска, Грашница и Даљан, чии корита ќе се чистат пред да настапи сезоната на дождови. Градоначалникот беше и на Мауцкер, во касарната, инфо центарот на влезот во градот. Покрај согледувањето на состојбите на терен градоначалникот  напомена дека ваквите обиколки се и начин за разгледување на идеите од граѓаните за нови проекти.

{loadposition content9}

 

Се надѕира крајот на маките со кои се соочуваат жителите на ул . Петрино. Како што во неколку наврати информиравме, работите околу асфалтирањето на овој потег се одолговлекоа, за што од Локалната самоуправа од Охрид имаа и образложение. Денес на лице место на ул. Петрино, беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со неговиот тим составен од раководители на сектори како и од директорите на охридските ЈП. Бакрачески најави дека во моментов течат активностите околу доизградба на водоводно канализационата мрежа а веднаш потоа ќе се асфалтира тој потег со цел граѓаните на оваа улица да можат нормално да функционираат.  

Изјава – Никола Бакрачески – градоначалник на Охрид
(02:19 „Како што и самите гледате незадоволството на граѓаните сеуште е големо меѓутоа ние не можевме да дозволиме реализација на асвалтирање на патиштата да се прават само за изборни цели и да се манипулираат граѓаните да се става асфалт на недобро подготвен терен 02:50 комплетирани)

Бакрачески најави дека барем еднаш месечно на терен стручните тимови од Локалната самоуправа ќе ги следат тековните работи кои се изведуваат од страна на ангажираните претпријатија. Воедно тој потенцира што се досега е сработено на ул Петрино.

Изјава – Никола Бакрачески – градоначалник на Охрид
(02:55 „Во должина од 200 метри воспоставивме водоводна мрежа сега во тек е тампонирање на патот морам да кажам дека подлогата не беше адекватно припремена за да можеме веднаш да пристапиме кон асфалтирање на пристапнит пат. 03:40 асфалтирање)

Бакрачески денеска во неколкучасовната обиколка низ градот ги посети речиси сите места каде што се во тек изведбени работи. Започна од Лакочереј каде што во моментов течат активностите околу изградбата на канализационата мрежа помеѓу Долно и Горно Лакочереј. На неговата агенда се најдоа и реките Коселска, Грашница и Даљан, чии корита ќе се чистат пред да настапи сезоната на дождови. Градоначалникот беше и на Мауцкер, во касарната, инфо центарот на влезот во градот. Покрај согледувањето на состојбите на терен градоначалникот  напомена дека ваквите обиколки се и начин за разгледување на идеите од граѓаните за нови проекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top