• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Еднакви плати и можности за вработување на сите жени-најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш

Еднакви плати и можности за вработување на сите жени-најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш

Вработување на жените од руралните средини, флексибилно работно време за мајки со мали дечиња, воведување на регистар за прекувремени работни часови.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm marsh

Еднакви права, еднакви плати, можности за вработување најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш помагање на жените претприемачи, вработувања на жените од руралните средини, заштита на бремените жени, жените родилки, мајките со мали деца. Ова се мал дел од реформите и целите кои вчера беа истакнати на традиционалниот осмомартовски марш на жените од СДСМ. Голем број на жени членки и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз вчера маршираа низ охридските улици. „Од древниот Охрид го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам: „Ти си таа промена.“ Ајде сите заедно за подобар живот на нашите синови и ќерки, ајде заедно, Македонија е едно општество, ајде сите заедно за европска Македонија, порача координаторката на форумот на жени, Цветанка Ласкова.

sdsm marsh ohrid„Одлучно и цврсто се бориме против насилството, нашата борба продолжува за еднакви плати на мажите и жените, за заштита на правата на работничките за подобра здравствена заштита на жените, за живот и работа на нашите деца, овде, покрај нас. Сакаме Македонија да биде земја на среќни семејства. И како што вели еден цитат, жените се архитекти на општеството. И нема сила што може да застане на тој пат за достоинствен живот.“-вели Ласкова.

Жените се борат дома, на работа, за семејството, за општината, за Македонија, промените се можни ако се жртвуваме за нив, порача заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

osmomartovski marsh„Жените се жртвуваат секој ден во годината.  Секој ден покажуваат дека заедно можеме повеќе, секој ден покажуваат дека семејството, заедницата и државата ни се важни заради тоа што само така можеме напред. Покажавме дека оваа партија и овие луѓе сакаат во Македонија да дојдат вистински промени, и секој пат кога СДСМ е храбар и Македонија е храбра.“-рече Шеќеринска.

„Оваа година ќе воскреснеме 8 убави женски имиња: Вера, љубов, надеж, вистина, правда, демократија, слобода, и најубавото име, Македонија.“-рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека промените кои ќе се случуваат во Македонија ќе значат поголеми права за жената работничка.

marsh plostad„Социјалдемократскиот сојуз ќе воведе регистар за прекувремени работни часови поврзани со УЈП, работодавачите нема да можат повеќе да ги кријат вашите одработени часови, ќе мора да ви ги платат, ќе поттикнеме секој правен субјект да мора да има синдикат кој што ќе ги штити правата на работниците. Ќе ги обезбедиме сите потребни заштитни механизми за да спречиме било какво насилство врз жените, ќе обезбедиме државна поддршка за зголемување на бројот на жени претприемачи.“-најави Заев.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека Македонија е поделена како никогаш досега, економски на колена, и затоа борбата на жените во оваа земја сега е позначајна од било кога.

forum na zeni sdsm„Жените во Македонија се обединуваат заради тоа што повторно мораат да се борат за работничките права во Република Македонија кои што ги уништија овие 9 години. Денеска жените во Република Македонија се обединуваат, за да ги стопираат иселувањето на младите, на синовите и на ќерките. Денеска жените во Македонија се обединуваат за да понудат поинаква перспектива на оваа држава и идните генерации.“-вели Спасовски.

zeni sdsm marshКако дел од реформите кои беа најавени на овој традиционален осмомартовски марш, беа споменати и реформите кои се однесуваат на вработувања на жени од руралните средини, поддршка за жените фармери, изградба на градинки каде ќе се згрижени децата чии мајки работат втора смена, флексибилно работно време за мајките со мали дечиња, гарантирано враќање на истото работно место по породилното отсуство, воведување скратено работно време за жените со наполнети 57 и 60 години до пензионирање и примање на полниот износ на платата. Инаку, овој осмомартовски марш годинава за прв пат се случува во Охрид, минатата година беше одржан во Тетово, а предминатата во Штип.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top