Единствената Монографија за Охридската гимназија чека за печатење

Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Gimnazija
гимназија

prof. d-r Pavle MitreskiИсторичарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески  во Монографијата го опфатил  развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари.

„Многу сум разочаран, да се мачиш да напишеш нешто и потоа да молиш од врата на врата. Добивам одговор  ќе биде, сега нема пари, а јас би се откажал и од хонорар само Монографијата да се објави“, вели Проф.Митрески.

Го контактиравме портпаролот на Локалната самоуправа, за да дознаеме дали има пари за финансиска поддршка, на оваа единствена  Монографија, која би била од  историско значење за градот. Од таму добивме одговор дека ќе помогнат во издавањето на книгата. Сугерираат само професорот да конкурира на нивната јавна објава за финансиска поддршка на проекти од областа на културата. Но, тоа се прави по донесувањето на буџетот на општината па, така, професорот Митрески ќе мора тоа да го направи дури во февруари идната година.

GimnazijaИнаку, зградата каде што е сега сместена Охридската гимназија била предизвик за истражување на  професорот не само по нејзината функција туку и по посебниот стил на  градба. „Многу малку луѓе знаат дека зградата ја изградил капетан Али Сабри-беј .Тој поседувал чифлик во Елшани и за да ја изгради зградата го продал имотот за 500 златни лири. Сабри- беј  го  следел примерот на Нијази бег од Ресен, и со оваа градба сакал да остане забележан“, раскажува од податоците до кои дошол професор Митрески.

Во Монографијата се забележени голем број  историски податоци меѓу кои почетокот на градењето на објектот кој започнал во 1907 година, ставањето во  функција на гимназиска зграда во 1928 година, опожарувањето на објектот во февруари, 1937 година, па се до наставниот кадар, но и познатите личности кои  биле некогашни ученици на оваа гиманазија, се до 1944 година.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top