Оваа среда ви нудиме 11 нови наслови кои се веќе обработени и од денеска можете да ги позјамите од нашата НУ Билиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Оваа среда ви нудиме 11 нови наслови кои се веќе обработени и од денеска можете да ги позјамите од нашата НУ Билиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Најубава дружба за оние кои имаат слободно време на претек и сакаат да читаат, овие доцни есенски и врнежливи денови плус – корона пандемија, сигурно е книгата.
Во понудата има за секого по нешто. Најпрво ви ја претставуваме трилогијата „Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ од авторот Ренсон Ригс и останатите две книги со поднаслов: „Библиотека на душите“ и „Градот на чудовиштата“.
Во овој неделен избор за читање ви ги предлагаме и следниве наслови: „Тивки години“, Алена Морнштојанова, „Светски прваци“ од Славољуб Станковиќ, „Книга за пеколот“ од Емил Алексов, „Избрани песни“ од Влада Урошевиќ, „Лузитанија “ од Дејан Атанацковиќ, „Животот на Арсенев“ од Иван Бунин, „Богатството на цар Радован“ од Јован Дучиќ и „Министерството за верна среќа“ од Арундати Рој .
Пултот за издавање книги работи секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 13 часот и од 13 и 30 до 18 и 30 часот со триесетминутна пауза за дезинфекција по протоколот за заштита од Ковид -19 . Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град