Театарските претстави, „Метаморфози“ во режија на Андреј Цветаноски и „Иди ми, дојди ми“ во режија на Љупчо Тодоровски -Упа, од наредниот месец на репертоарот на Охридскиот театар.
За еден месец две театарски премиери. Амбициозен старт на Охридскиот тетар, кој функционира во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката на оваа установа, Драгана Боцеска ги најави двете премиери кои во јуни месец, треба да им се случат на Охриѓани. Едната, обработка на класично дело, другата пак тетарска обработка на една доста современа тема.
Режисер на претставата „Метаморфози“ е младиот Андреј Цветаноски. Цветаноски информира дека преставата се работи по делото на Овидиј, но како нивна сценска верзија. Сценската драматизација и адаптација е на Даркојан Спасов, сценографијата на Владо Ѓорески –Рафик, додека костимите се на Кристина Муковска Затуровска.
Другата претстава која ќе претставува вистинско освежување за Охриѓани, а која својата премиера ќе ја има кон крајот на месец јуни е дело на Љупчо Тодоровски – УПА и Мони Дамевски, а драматург е младиот Бојан Трифуновски. „Низа години и двајцата сме живееле и работеле надвор од Македонија. Сме слушнале бројни прашања за тоа како таму се живее, споредувања со овдешните услови за живеење и работа. Сето тоа не наведе на идејата таквото искуство да го преточеме во драмска претстава“ вели Дамевски. Станува збор за современиот феномен на враќање на иселениците во својата родна земја, идеја на Тодоровски, за која и обајцата мислеле дека е интересен концепт за театарска претстава.
Што се однесува до репертоарот на Охридскиот театар, кој од септември месец станува редовен, раководителот на оваа установа Горан Стојаноски рече дека истиот ќе претрпи мали промени во содржината. Содржините ќе бидат малку поведри и позабавни.
Моментално, за насловот на оваа тетатрска претстава во игра се ” Иди ми, дојди ми”, и “Ни ваму, ни таму”. Кој наслов ќе биде избран, ќе видиме на премиерата во месец јуни. Третата теататрска премиера која ја најавуваат од Охридскиот театар ќе биде во август, во рамки на фестивалот ” Охридско лето”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град