Децата од основното училиште „Григор Прличев“ со продажба на свои ракотворби и цртежи ја покажаа својата хумана страна. Денес организираа предвелигденска акција, а средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење со јајца.
Како идеа е многу интересна и треба вакви настани да има што повеќе и не само за празници бидејќи децата се забавуваат а средствата ќе се искористат да се помогне некому, вели Жанко Голабоски, водител.
Вакви хуманитарни акции има се повеќе и тоа радува, но разочарува фактот што на се поголем број граѓани им е потребна помош. Велигденските празници се поттик тие што можат да помагаат и да внесат барем малку радост во срцата на оние на кои тоа им е најпотребно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град