Во Букли сокак утрово „падна“ уште една опасна руинирана куќа на која се жалеа граѓаните. Се сруши по налог на Општинскиот инспекторат. Од таму постојано го решаваат овој проблем со опасните куќи кои пртеставуваат опасност по животите на минувачите. Од евидентираните 60 –тина руинирани куќи само во последната година се срушени 30-тина, информира за овој проблем раководителот на Општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.
На самиот влез кај Горна Порта еден полусрушен објект посебно привлекува внимание, се жалат варошани. Тука подзастануваат и го фотографираат објектот голем број вчудоневидени странци. За тоа како овој објект делува аветински и зошто е тоа така, Танасоски има објаснување. Вели објектот е на повеќе сопственици, а дури во 99 посто од случаите кои не се решаваат се заради нерешени сосопственички имотни односи.
Танасоски кажува дека се издадени решенија за рушење и на други објекти, но проблемот е кај избраниот изведувач. Доколку изведувачот не постапи по решенијата ќе се распише тендер за избор на нов изведувач, категоричен е тој. Додава, во меѓувреме, ризикот од опасноста е кај сопствениците на објектите кои се назначени во решенијата за рушење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град