Двојна среќа за фаќачот на крстот, Петар Рупески-денес го фати и бурето со црвено вино

Охрид втор ден дише во духот на еден од најголемите христијански празници, Богојавление-Водици. Денес  на „Денот на рибарите“ се одржа и традиционалото фрлање на бурињата со вино.

 |  Мишел Наумоски  | 
burenca
буренца

Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно е полно со црвено вино, а оној кој ќе го фати ова буре, добива Божји благослов и дарови од здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“.

burenca so vinoОние кои ќе скокаат по бурињата, најпрво палат свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатуваат на пристаниште. Денешниот ден донесе двојна радост за фаќачот на светиот крст, Петар Рупески.

„Многу сум познат овие два дена на телевизија. Оваа година ми е најсреќна. Можам да кажам дека го фатив и светиот крст, а сега и црвеното вино. Се надевам дека оваа година, ќе најдам и убава работа бидејќи сум невработен и здравје за мене, за моите пријатели, дома роднините и сите што ме познаваат и поддржуваат.“-рече фаќачот на крстот и бурето со црвено вино, Петар Рупески.

RupeskiЗдружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и секоја година, така и оваа се погрижи околу дарувањето на скокачите по бурињата.

„Сите си ги добиваат бурињата со виното за нив, да си се почестат, а оној што ќе го фати бурето со црвено вино, добива реплика на крстот со кој што се осветуваше езерската вода и златник со симболи на здружението „Богојавление“.“-вели Димитри Пендов од Здружението за целосна афирмација на МПЦ.

Годинава, посебен печат на фрлањето на бурињата му дадоа и ветераните скокачи, Влатко Димитров и Симон Ѓурче. Тие приватно се обложиле и договориле посебно да скокаат и да дознаат кој од нив ќе успее прв да стигне до бурето со вино. Облогот го доби Влатко Димитров.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top