Во Фатална сообраќајка кај Враништа загина Марица Ѓоргеска, а во сообраќајна несреќа во Охрид, едно лице се здоби со тешки телесни повреди.
Ова е билансот на СВР Охрид за днешниот ден, среда 7 ми октомври.
Утрово во 10 часот и 50 минути, на пресекот на Булеварот ,,Туристичка,, и улицата ,,Даме Груев,, се случи сообраќајна незгода, во која учествувале патничко моторно возило марка ,,Шевролет-Авео,, со Охридски регистарски таблици и пешакот Д.Д. роден 1943 година од Охрид.
Незгодата е случена во моментот кога пешакот го преминувал булеварот ,,Туристичка,, при што на него налетало патничкото моторно возило управувано од лицето Игор П. роден 1982 од Долно Коњско.
Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Истиот е пренесен и задржан во специјалната болница ,,Св.Еразмо“.
Според првичните сознанија на СВР Охрид која веднаш изврши увид на лице мсто, причина за незгодата е неприлагодена брзина на движење од страна на возачот на патничкото моторно возило.
На лице место, направен е криминалистичко-технички увид во присуство на Истражен Судија и заменик Јавен Обвинител.
Од СВР охрид велат дека по целосното документирање на случајот против лицето кое го управувало патничкото моторно возило, Ќе биде поднесена соодветна пријава.
А 15 минути по полноќ, на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби дваесет и шест годишната Марица Ѓорѓеска, родена 1983 година, од струшкото село Подгорци.
До незгодата дошло во моментот кога сега починатата, управувајќи патничко моторно возило марка ,,Цитроен Ц-4,, со скопски регистарски таблици, поради неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот, излетала од коловозот и удрила во бетонска ограда. Во незгодата, од здобиените повреди, таа на починала на лице место.
На местото на незгодата, во присуство на Истражен судија и Јавен Обвинител, направен е криминалистичко технички увид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град