Две лица го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа кој што се случи синоќа кај селото Трбеништа охридско. Од СВР сеуште не го откриваат идентитетот на жртвите, само околностите како настанала сообраќајната незгода.
Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.
Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило на локалниот пат кон село Требеништа веднаш под надвозникот. Медицинска екипа за кратко време пристигнала на лице место на незгодата, кои само ја констатирале смртта кај лицата. Од СВР исто така велат дека направен бил увид од страна на полициски екипи и јавниот обвинител при Основниот суд Охрид, а идентитетот на двете лица дополнително ќе биде утврден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град