Две години без случај на ХИВ/СИДА

Во Македонија од прогласувањето на епидемијата на СИДА до денес, регистрирани 130 случаи.

 |  Крсте Голабовски  | 
hiv/sida
hiv/sida

dr. KoroveshoskaЕпидемијата на СИДА во светски рамки, слабее. Така, според последниот извештај на ООН, бројот на ХИВ позитивни лица е значително намален на 33 милиони, во 2009 година. Експертите велат дека голем број од високоразвиените земји или ја стабилизирале состојбата или постигнале значајни намалувања во стапките на нови инфекции со ХИВ. И Македонија бележи значајни намалувања на нови инфекции на ХИВ. Епидемиологот Д-р. Јованка Стурулакова Коровешоска вели дека од 1987 година до 31. Октомври оваа година, во Македонија се регистрирани 130 случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот, од кои болни од СИДА се 99, од нив 63 починале, бројот на ХИВ позитивни е 33, додека 67 носители на ХИВ вирусот успешно живеат. И резултатите од Охридскиот регион охрабрувачки.

„Во Охридскиот регион од 1987, од почетокот на епидемијата до денес, регистрирани се 5 случаи на ХИВ/СИДА, од кои сите 5 се починати. Во 2009 и 2010 нема регистрирани нови случаи на заболени од оваа болест, потенцира Коровешоска.

Таа додава дека со Националната стратегија за превенција на ХИВ Сида, се следи секој нов тренд, а од година во година се намалува и бројот на инфицирани, а и се продолжува животот на веќе инфицираните лица. Една од ефективните активности за превенција на појава и ширење на ХИВ инфекцијата помеѓу популацијата е теренското тестирање, кое се спроведува двапати месечно.

Sasho TockoПокрај „Советувалиштето за ХИВ и СИДА“ кое функционира во склоп на центарот за ЈЗ во Охрид, во борбата против ширењето на ХИВ сидата влкучена е и ОО на „Црвениот крст“. Претседателот Сашо Точко вели дека и покрај ниската преваленца во последните неколку години, сепак што се однесува до делот на превентивните дејности, младите волонтери од оваа организација вложуваат огромни напори, посебно во делот на едукација на населението.

Пациентите кај нас се лекуваат со современа терапија, а неопходните лекови, тестови и апарати за следење на лекувањето и здравствената состојба на пациентите до крајот на оваа година се обезбедени од проектот на Глобалниот Фонд за превенција на ХИВ и СИДА. Од следната година, Владата ги презема трошоците за нивниот третман. Уште еден светол момент во борбата против оваа болест е неодамнешното откритие на лекот наречен ТРУВАДА. Станува збор за превентивен лек кој го спречува заразувањето со ХИВ вирусот. Станува збор за фармаколошки препрат кој е комбинација на тенофовир и емрицитабин. Инаку, лекот го произведува калифорниската компанија Gilead sciences inc, заслужна и за пронаоѓањето на Тамифлу, лекот што се консумира во случај на преминување на птичјиот грип кај луѓето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top