• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Двајца кандидати за градоначалник од Охрид потпишаа договор за соработка со граѓанските организации

Двајца кандидати за градоначалник од Охрид потпишаа договор за соработка со граѓанските организации

Проф д-р Јован Стојаноски кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ и независниот кандидат Стевче Стевоски денес во хотел Ројал Вју потпишаа договор за соработка со граѓанските организации од Охрид. Овој договор е во рамки на проектот „Денот потоа, Локални избори“. Проектот го финансира Фондацијата Фридрих Еберт, кои преку својата канцеларија во Скопје.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес во Охрид се одржа настанот „ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА“. Како што информираше координаторот на граѓанскиот сектор на Охрид Елена Михајловска, иако времето било многу кратко, тие успеале да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор со цел креирање на барања во различни области кои ќе бидат претставени пред кандидатите за градоначалници во нашата општина.

„Со потпишување на барањето од граѓанскиот сектор кандидатите за градоначалник прифаќаат штом ја добијат довербата од граѓаните да се формираат мешани работни групи од општинската администрација и организациите кои ги креирале барањата со цел да се изнајдат решенија за имплементација на самите барања“.

Од тројцата кандидати за градоначалници на Охрид обврска дека ќе соработуваат со граѓанските организации потпишаа, проф, д-р Јован Стојаноски и независниот кандидат Стевче Стевоски. На потпишувањата не присуствуваше кандидатот на ВМРО ДПМНЕ д-р Митко Тилевски.

Соработката меѓу градоначалникот и невладиниот сектор ќе биде континуирана во текот на сите 4 години. Проблемите за кој што сум запознаен од страна на претставниците на невладиниот сектор се проблеми кои што се однесуваат пред се на непоседување соодветен простор за нивно нормално функционирање и проблемот со финансиски средства

Посебно ми е драго што на еден ваков формален начин склучивме договор за понатамошна соработка во престојниот 4 годишен мандат, со граѓанскиот сектор, истакна проф. Јован Стојаноски кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата. Додаде дека неговата партија и досега ги поддржувала барањата на граѓанскиот сектор и рече дека таа соработка ќе продолжи и во иднина.

Ви благодарам за испорачаните барања кои се наведени во овој формален документ затоа што барањата се реални и потребни за градот а секое од тие барања треба на доста тежок начин да се реализираат. Ве повикувам заедно во наредниот четиригодишен период да работиме на изнаоѓање на решенијата на овие барања.

Во документот кој го потпшаа кандидатите за градоначалници наведени се десет барања од граѓанскиот сектор кои делуваат во општина Охрид за унапредување на состојбите во утврдени општествено, социо-економски и политички области на локално ниво. Сите овие активности ќе подлежат на граѓански мониторинг, кој ќе биде поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во периодот до крајот на мандатите на градоначалниците.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top