Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија.
Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија. Таа сега поседува уверение за помошник козметичар и верува дека дека знаењата и вештините со кои се здобила при оваа обука во голема мерка ќе и помогнат во реализацијата на нејзините идни професионални идеи и планови.
„Се здобивме со големо искуство, знаење и едукација во областа на козметиката. Ние сме премногу благодарни и за време на таа едукација ние добивме впечаток дека имаме повеќе љубов кон таа професија отколку што ја имавме замислата пред почетокот на едукацијата и апсолутно сите планираме да се вклучиме во една тие области на таа дејност“ вели Снежана.
Инаку годинава во рамките на проектот на Владата на Република Македонија, за активни политики и мерки за вработување за 2014, ЕМУЦ „Св.НАум Охридски“ доби можност да се јави како спроведувач на обуки за три образовни профили, и тоа сервисер за мехатронични системи, аргон заварувач и помошник козметичар. Јане Цаноски директорот на ЕМУЦ потенцираше дека во август беше спроведено и тестирање од страна на комисии во кои беа вклучени предавачите кои се вработени во центарот, претставници од работодавачите и претставници од Центарот за стручно образование.
„Мене ми е задоволство во овој момент да истакнам дека најголемиот процент од овие кандидати се стекнаа со сертификат за стручно оспособување и вршење работи и работни задачи самостојно. Мал беше бројот на оние кандидати за кои ќе треба повремен надзор“ вели Цаноски.
За образовниот процес за доквалификација годинава интерес пројавија 26 возрасни невработени лица, а обуката се реализираше во периодот од април до јули месец, и тоа три месеци тероетска и практична настава во лабораториите на центарот, а последниот месец кандидатите имаа можност обуката да ја спроведат кај работодавачи со кои центарот потпишал договори за соработка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град