Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Дваесеттинa домаќинства од улицата „Момчило Јорданоски“ никако да го решат овој долгогодишен проблем, кој само што не ескалирал.

 |  Крсте Голабовски  | 

Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.
„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој не се јавува. “ велат жителите.
„Како што кажаа и соседите имаме навистина голем проблем со септичките јами, јас тука живеам 14 години, а тие и малку подолго, во зависност од големината на јамите почнаа да се полнат континуирано, сега на сите ни се полни сите ги имаме по неколку пати празнето, но знаете црвеница е земјата нема можност веќе земјава да впива“, додаваат тие.

Уплашени за своето здравје, велат дека заразата е веќе во нивните дворови. Ако порано јамите ги празнеле еднаш до два пати во годината, сега се приморани тоа да го прават речиси еднаш во неделата. Проблемот пак со нерешената атмосферска канализација на овој потег е плус. Освен тоа што од неа се полнат септичките јами, кај неколку од домакинствата се полнат и подрумските простории особено после обилни врнежи, со што опасноста од зарази е огромна.
Владо Цветкоски директорот на ЈП, „Нискоградба“ вели дека дека инсталирање на канализациона мрежа на овој потег и приклучување на овие домаќинства, сега за сега е невозможнo, поради нерешени имотно-правни односи помеѓу некои од жителите на овој потег. Цветкоски додава дека иако се во можност да изработат техничко решение, Фондот за комунален развој заедно со Локалната се оние кои прво треба да пристапат кон решение на имотноправните односи. Дотогаш физичките лица должни се да пријавуваат чистење на јамите во ЈП „Охридски Комуналец“.Од одделението за инспекциски надзор, инспекторат, информираат дека граѓаните кои имаат септички јами, должни се да ја побараат таа услуга од ЈП и истите да ги исчистат. Доколку тоа не го сторат,  Инспекторатот му налага на Комуналец, да пристапи кон чистење на јамата на трошок на сопствениците. Иако сакаме да се пофалиме дека живееме во град во кој максимално се залагаме за решавање на проблемите од комуналната сфера, сепак има делови од нашиот град кои се сереќаваат со комунални проблеми кои одамна треба да се дел од историјата и мораме да си признаеме дека многу треба да поработиме на јакнење на еколошката свест.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top