Дупки стари повеќе од 25 години

Уличната мрежа од населбата „Гоце Делчев“ во очајна состојба.

 |  Крсте Голабовски  | 
dupki
дупки

dupkiАсфалт стар повеќе од 25 години. Уличната мрежа од Населбата „Гоце делчев“ попозната како Бараки, се наоѓа во очајна состојба. Жителите на населбата револтирани велат, крајно време е да се санира истата во целост.

„Некои нејзини делови не доживеале санација повеќе од 25 години, па крајно е време да се интервенира поради тоа што ги уништивме автомобилите“, се жалат жителите на оваа населба.

Инаку, населбата „Гоце Делчев“ брои над 200 домаќинства од кои секое има минимум по еден автомобил.  

„Оштетувањата кои секојдневно се нанесуваат на нашите автомобили од страна на лошата улична инфраструктура се големи“, велат жителите.

Дополнително се загрижени и од соопштението дека годинава Агенцијата за државни патишта ќе даде три пати помалку средства за реконструкција на локалните патишта. Се прашуваат кога ќе дојдат на ред за полнење дупките пред нивните врати. Од Одделението за комунален развој и сообраќај, негираат дека не е направена санација на уличната мрежа во оваа наслеба толку долго. велат дека во оваа населба се интервенирало во 2008 година, кога и е наново асфалтирн патот кој до неа води, а оваа година се планира да се интервенира на сите дупки на улиците од оваа населба.

Раководителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески додава дека и покрај тоа што годинава средствата за реконструкција на локланите патишта се помали, тие ќе го направат она што е зацртано со сопствени средства. На жителите на оваа населба пак, им останува само да се надеваат дека решавањето на нивниот комунален проблем ќе дојде на ред оваа година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top