Пред голем број граѓани, туристи, свештеници, преставници на политички партии како и академиците Грозаданов и Серафимоски беше откриен и осветен монументалниот споменик на Св. Наум. Чинот на осветување го изврши владиката Г-дин г-дин Стефан. Градоначалникот Александар Петрески, првиот човек на градот на овој свечен собир упати благодарност до сите учесници во реализцијата на проектот.
Но, духовниот празник и чинот на откривање не ги спои политичките ривали. На вчерашниот настан не беа присутни преставници од Владата. Денес, пак членови на Вмро Дпмне и советничката група поставија цвеќе пред споменикот.
Пратеникот од Вмро Дпмне Александар Николоски, денес истакна дека со вчерашното отсуство од настанот не сакале политички да го злоупотребат поставувањето на споменикот на Св. Наум затоа што тој е премногу значаен за духовниот живот на градот и земјата. Николоски се заложи во иднина сериозно да ја разгледаат можноста за поставување на споменик и на Цар Самоил.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град