После финалната презентација на проектот „Духот на Охрид“, не стивнуваат реакциите. Негативни критики од сите страни, додека позитивни оценки дадоа само оние кои беа влкучени во реализацијата на овој проект.
После финалната презентација на проектот „Духот на Охрид“, не стивнуваат реакциите. Негативни критики од сите страни, додека позитивни оценки дадоа само оние кои беа влкучени во реализацијата на овој проект.
Веб страната, чијашто изработка беше една од компонентите на овој проект, е приказна засебе. И најобичните лаици, кои ќе седнат пред компјутер со намера да дојдат до било каква информација за Охрид, неговото географско, културно, историско наследство, како и сместувачките капацитети со кои тој располага, ќе приметат дека веб страната наликува на „ремек дело“ на некој дилетант.
Многумина кои ќе сакаат да добијат било каква информација од оваа веб страна, здивот ќе им се одземе единствено од граматичките грешки од видот на „злоупотреба“ на големата буква, големиот број правописни грешки, а да не ја спомнуваме храброста на авторот на текстовите, да ги занемари типичните охридски називи, како визита, за која се спомнува именден, како и зборовите зелник и пита, за кои не мора да сте охриѓани, да знаете дека во охрид, се јаде само комат.
Покрај граматичките грешки во текстовите, особено оние кои се во македонска верзија, не можете а да не бидете „фасцинирани“ од квалитетот на фотографиите кои им стојат на располагање на потенцијалните туристи. Вистинска енигма пак претставуваат секциите кои се однесуваат на информациите за партнерот, општината Пефка од Грција или електронскиот весник на веб страната. И покрај безбројните обиди да дознаеме нешто повеќе за нивната употреба, тоа сепак остана мистерија, бидејќи едноставно – не функционираат.
Што се однесува до свежината на информациите, кои би требало да се внесуваат секојдневно на веб страната, потенцијалните туристи ќе налетаат на штури информации за неколку настани од културата, кои во никој случај не ја даваат вистинската склика за културните случувања со кои градот изобилува. Колку за пример, ниту првиот меѓународен „Хорски фестивал“, ниту историскиот фестивал „Средновековен Охрид“ не ја доживеаја својата промоција на веб страната „Духот на Охрид“.
Убава е желбата да преферираме и очекуваме гости од западно-европските земји, но со професионална изработка и примена на механизмите и начините со кои можеме да ги намамиме тие гости во Охрид …Очигледно, оние кои работеле на овој проект не го делат истото мислење.
Ако овој проект е еден од механизмот со кој елитниот туризам треба да дојде во Охрид, сигурно охридските хотелиери и угостители ќе се изначекаат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град