Неизграденото државно земјиште ќе им се враќа на општините

Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
gradba
градба

Ohrid

Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година.
Управување со градежното земјиште на транспарентен начин преку електронско јавно наддавaње, со овие зборови Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, го објасни основниот принцип на новиот Закон за градежно земјиште. На овој начин, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на општинската администрација.
Општините по електронски пат ќе управуваат со градежното неизградено земјиште. Софтверот ќе го изработи УСАИД. Единиците на локалната самоуправа софтверот ќе го добијат до јули, од кога и законски ќе можат да располагаат со земјиштето.
„Ова, од една страна, ќе значи брзи услуги за клиентите, но од друга  страна, ќе се елиминира можноста за корупција“, вели Министерот Јанакиевски. Но, не сите градоначалници се согласни околу ефикасноста на спроведувањето на овој закон.
„Владата гледа максимално да го одолговлечи овој закон, за да може да испродаде се она што е атрактивно, ќе остане земјиштето што е замрсено во правните лавиринти и нерешениет имотно-правни односи. Се што е крупно, Владата ќе го расчисти, изјави Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Општините нема лесно да го добијат управувањето со земјиштето. Најпрвин ќе мора да исполнат неколку услови: да имаат усвоено годишна програма за управување со градежно земјиште, да имаат минимален број  лиценцирани службеници, да имаат комисија и систем за електронско јавно наддавање. Цените за закуп или продажба на земјиштето ќе ги одредуваат самите општини, но ќе мора да бидат одобрени од Министерството за транспорт и врски. Што се однесува до парите кои ќе се соберат од продажба на земјиштето, 80 проценти од средствата ќе одат во буџетот на општините, а 20  во државната каса. Општините кои што ќе ги исполнат условите, од први јули годинава, ќе управуваат со неизграденото државно градежно земјиште.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top