Државните просветни инспектори ги запоседнаа охридските училишта

Петнаесет државни просветни инспектори, без валидни легитимации,  направија упад во охридските основни  и средни училишта и го прекршија  Законот за просветна инспекција истакна Митре Велјаноски  од секторот за јавни дејности при локалната самоуправа Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Mitre Veljanoski
Митре Вељаноски

Петнаесет државни просветни инспектори, без валидни легитимации,  направија упад во охридските основни  и средни училишта и го прекршија  Законот за просветна инспекција истакна Митре Велјаноски  од секторот за јавни дејности при локалната самоуправа Охрид.  

Утрово, инспекторите ги запоседнаа училиштата без да ги известат директорите за целта на посетата, за што според Законот за просветна инспекција се должни претходно да се најават додава Велјаноски. Ние, нема да го толерираме кршењето на законот и таквото однесување за што јавно  го креваме гласот против таквото самоволие со предизборна позадина. Да не бидеме наивни дека овој чин е во функција на деградација на досегашните успеси на градоначалникот на 2 месеци пред изборите дециден е Велјаноски.

Gimnazija Ohrid Општина Охрид, скоро 3 години работи под надзор, постојани инспекциски контроли, закани и уцени, но најмалку се надевавме дека на удар ќе биде и  образованието истакна градоначалникот Александар Петрески. Со овој чин на државните просветни инспектори има не само кршење на законот туку и атак врз локалната самоуправа пред изборите вели градоначалникот Петрески. Општина Охрид во образованието направи повеќе од сите други општини заедно во Македонија вели градоначалникот. Нема училиште каде што не сме инвестирале со сопствени средства, а последно е менувањето на дограмата на  гимназискаат зграда.       

Општина Охрид ќе бара од премиерот на Владата да го разреши министерот за образование, а од охридските пратеници очекува да покренат негова интерпелација.
За насилничката и незаконита постапка,општината  ќе ги извести сите релевантни меѓународни институции и Европската унија.

 

 

{loadposition content9}

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top