Од кога МОН одлучи во државната матура да се полага задолжително и математиката, повторно се разбрануваа страстите во образовните институции. Во охридската гимназија веќе се зафатија за работа околу подготовките за дрѓавната матура, а во стручните училишта се полежерни бидејќи за овој проблем ќе мислат дури од наредната учебна година.
Одлуката на МОН за воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура, ги вознемири средношколците во државава. За нив оваа одлука е непотребна и избрзана. Покрај математиката, матурантите ќе полагаат и англиски и мајчин јазик, како и еден интерен. Тестовите ќе бидат поделени во два дела, во писмена и во електронска форма. Дел од средношколците веќе три дена протестираат барајќи одлуката да се повлече. Што мислат средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски за овие новини во образованието.
-Па не би требало математика да биде задолжителен предмет, вели еден.
-Треба да остават на нас да избереме кој предмети ќе ги полагаме, вели друг матурант.
Сите предмети треба да се положат за две недели, а тоа е речиси невозможно, велат дел од средношколците кои не сакаа да излезат пред камера. Ќе не натераат да се снаоѓаме, да препишуваме, да лажеме, додаваат тие.
Директорот на Гимназијата Св. Климент Охридски, Звонко Трпоски вели дека без оглед на различните ставови на учениците одлуката која е донесена од МОН тие како образовна институција се должни да ја почитуваат и да ја спроведат. Затоа уште од сега започнуват со подготовките за процесот на државната матура.
За одлуката на МОН околу новините во државната матура свое мислење имаат и средношколците од стручните училишта во градов. Најголем дел од нив не ја подржуваат.
Иако кај средношколците од стручните училишта ваквата новина нема да се спроведе од оваа учебна година туку од наредната, сепак ги загрижуваат промените во образованието.
Директорот на ЕМУЦ Св. Наум Охридски, Јане Цаноски вели дека годинава во стручните училишта концептот за полагање државна матура останува речиси ист како и минатата.
Новина е што оваа година е предвидено електронско полагање на дел од тие испити. На пример македонски јазик се она што минатата година требаше да се одговара зо заокружување и боење оваа година ќе се полага електронски, само пишувањето есеј останува да се прави , вели Цаноски.
Ова го потврдија и директорката на средното угостителско училиште, Ванчо Питошески, Весела Темјаноска и директорката на економското училиште, Славица Костоска. Костоска рече дека најверојатно оваа година министерството во стручните училишта не воведе на државната матура задолжително да се полага математика бидејќи во некои средни училишта овој предмет не се изучува во сите четири години. Таа додаде дека по се изгледа најпрво министерството ќе направи измени во тој поглед па потоа математиката ќе е задолжителен предмет при полагање државна матура и во стручните училишта.
Инаку, Спиро Ристовски, заменик министерот за образование вчера рече дека ја разбира загриженоста и вознемиреноста на учениците, но потенцира дека станува збор за основно ниво на математика. Најави дека МОН ќе организира и обука за сите ученици кои сметаат дека пред државната матура ќе им бидат потребни и дополнителни часови по математика.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град