Државите од Балканот за зачувување на водните ресурси

Денес во Охрид, ресорните министри на Србија, Албанија, Косово и Македонија, заедно со уште седумдесет претставници од десет држави во регионот, воспоставија заедничка платформа за заштита и интегрирано управување со водите и водните системи.

 |  Крсте Голабовски  | 
konferencija
конференција

Градење на заедничка визија, за одржливо управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Четворицата министри за животна средина и просторно планирање на Србија, Албанија, Косово и Македонија, денес во Охрид започнаа една нова ера во размената на искуства и меѓусебната соработка воопшто, во сферата на интегрирано и одржливо управување со водите. Министерот за Животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на сите сектори и политики.

Министерот Јакупи додаде дека заштитата на водите и водните екосистеми мора да се смета како заедничка цел на меѓународната заедница – водата е природно заедничко наследство од најголема важност за развојот на земјоделството и рибарството, туризмот, индустријата, транспортот, како и за обезбедување на комуналните услуги на граѓанското општество. Српскиот министер за животна средина Оливер Дулиќ согласен. Секоја од земјите од регионот, мора да внимава на квалитетот на речните води кои течат кон неа, како и оние кои заминуваат кон некоја од земјите во соседството.

JakupiМинистерот за екологија на соседна Албанија Фатмир Медиу, порача дека начелата за делување остануваат исти. Мора да се продолжи со соработката за менаџирање на речните сливови, согласно Европската директива за управување со водите. Медиу додаде дека меѓународната заедница мора да ја препознае потребата од заедничко дејствување на државите од Балканот за заштита на реките и нивните сливови,  независно од неповолната економска ситуација предизвикана од светската криза. Тој потенцира дека државите од Балканот пак, треба повеќе да дејствуваат, а помалку да дебатираат.

На конференцијата на која учествуваат 70 претставници од десет држави од регонот, како и ресорни министри од Албанија, Србија, Косово и Македонија, беа усвоени две заеднички декларации – едната за интегрирано управување со речни сливови, додека другата, за Дримскиот басен. Регионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, со поддршка на Италијанското министерство за животна средина, копно и море и Програмата за развој на Обединетите нации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top