Државниот ревизор ги откри тајните на минатогодишното Охридско лето

Државниот завод за ревизија излезе со конечен извештај за работењето на Националната установа „Охридско лето“. Позитивно била оценета објективноста на финансиските извештаи за изминатата година, но проблем била неусогласеноста на активностите со релевантната законска регулатива.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohridsko leto
Охридско лето

Ohridsko letoПрашањето за позицијата директор на Националната установа „Охридско лето“ повторно станува актуелно. По објавениот извештај на Државниот ревизор за работењето на „Охридско лето“, најголема прашина се крена токму околу поставувањето на В.Д директор на оваа Установа. Според Државниот ревизор, Министерството  за култура немало право по втор пат да назначи вршител на должност, со што раководењето на „Охридско лето“ било препуштено на лице кое нема статус на директор. На оваа точка од извештајот со забелешка се јавило и Министерството за култура во кое покрај другото се вели: „Цениме дека во Законот за култура никаде не е пропишано дека министерот за култура нема право на повторно именување на вршител на должноста, в.д директор, односно во конкретниот случај, министерот за култура со цел да не дојде до прекин во работата на установата, презел активности на повторно именување на вршител на должноста в.д директор и тоа од редот на вработените, со мандат до избор на нов директор на установата, односно најдолго за шест месеци, поради што и нема никаква повреда на одредбите на законот, а најмалку во оценката за прашањето кое се однесува на легитимитетот на вршење на функцијата.“

Ваквата забелешка била одбиена од Државниот ревизор со образложение дека по разрешувањето на директорот на „Охридско лето“ на 14.06.2010 година и поставувањето на вршител на должноста, веднаш не бил објавен конкурс за нов директор, како што бара Законот, туку истиот конкурс бил објавен на 06.10.2010 во дневните весници, со што, според Државниот ревизор директно се влијаело на продолжување на законски утврдениот рок за именување на директор кој изнесува 6 месеци. Покрај ова, Државниот ревизор забележал низа неправилности и во финансиските трансакции на фестивалот кои биле спротивни на законот но и статутот на Националната установа „Охридско лето“. Во овој домен забележани се бројни неправилности, меѓу кои исплата на парични средства по основ јавни набавки, без да се прибираат понуди. Покрај ова, по основ одработени часови на прекувремена работа, биле исплатени средства во висина од 50% од основната плата на работникот, а законот пропишува максимум од 29% од наведената основица. За жал, поради годишните одмори, не добивме став од засегнатите страни по однос на објавениот извештај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top