Државниот архив-ризница која го чува сето културно пишано наследство

Вака накратко го опиша неговото значење Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист, во очи 1ви Април, Денот на Државниот архив на Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
arhiv
архив

Се зголемува културната и општествената свест кај луѓето за Државниот архив, смета Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист при Државниот архив на Република Македонија. Вели дека 1ви Април  луѓето веќе не го препознаваат само како Денот на шегата, туку и како Денот на државниот архив. Овој значаен датум за сите архивисти од земјава, Митровиќ вели дека се одбележува на еден поинаков начин, најчесто со издавање на зборници, прикажување на историски изложби. Според него, Државниот архив на Македонија е една институција која има огромно значење не само за граѓаните на оваа земја, туку и за бројните странски истражувачи.

Nikola Mitrovic arhivist„Државниот архив е еден вид ризница во која што се чува сето културно пишано богатство. Кога би направиле една дигресија, тоа е музејот, сето она што го чува како археолошко здание, ние го чуваме сето она што е културно и пишано. Можете да замислите со колкав фонд располагаме на документи и притоа можеме да констатираме дека Државниот архив на чело со Зоран Тодоровски и охридскиот архив на чело со раководителката Илинка Јанева досега успешно се справуваат со сите проблематики кои се појавуваат. Излегуваат во пресрет на граѓаните, но потенцирам дека свеста сеуште треба да се зголемува за она што значи пишано богатство, за она што значи научно-истражувачка дејност, но и она што значи секојдневна дејност.“-вели Никола Митровиќ-историчар, инспектор-архивист при Државен архив на Република Македонија.

drzaven arhiv OhridМитровиќ вели дека во охридското одделение при архивот на Македонија се занимаваат и со канцелариско и со архивско работење, заштита на документи и нивно средување и обработка. Особено ја потенцираше работата со обичниот граѓанин и она што најчесто го пребаруваат охриѓани во архивот.

„Најчесто, можам да кажам дека научно-истражувачката дејност е помалку застапена, од она што значи секојдневна потреба, тука се вадат документи од имотно-правни односи, документи кои значат за докажување на работен стаж. Меѓутоа морам да потенцирам дека се побројни се и оние научни работници кои доаѓаат да истражуваат и да ја прикажуваат историјата на Охрид па и пошироко со документи од Државниот архив на Македонија, подрачно одделение Охрид.“-рече тој.

Инаку 1ви Април, Денот на Државниот архив започнал да се одбележува бидејќи на овој датум, во 1951та година е формирана оваа државна институција како и нејзиното подрачно одделение во Охрид. Денот на државниот архив го одбележуваат девет регионални подрачни одделенија во Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top