Државата ќе помогне, ЕМО да го врати некогашниот сјај и да работи со полн капацитет.
Државата ќе помогне, ЕМО да го врати некогашниот сјај и да работи со полн капацитет.
Ќе се обезбеди плата за сите вработени, а ќе има и нови вработувања, вети Вицепремиерот Зоран Ставрески при неговата посета на овој некогашен индустриски гигант.
ЕМО ќе застане на здрави нозе, најави вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој денес се рашета по овој некогашен индустриски гигант заедно со менаџерскиот тим на ЕМО со цел да ја увиди реалната состојба во која се наоѓа фирмата. Ставрески изјави дека за ЕМО и за целокупното охридско стопанство во блиска иднина има добри перспективи.
ЕМО има квалитетни производи кои ги пласира ширум европските земји, рече Ставрески. Заложба на владата, а и на тимот кој раководи со оваа фирма ќе биде да се освојат нови светски пазари.
Ставрески најави дека тендерската постапка за продажба на Емо ќе започне за два месеци. Ова е трет пат да се распишува тендер за оваа фирма бидејќи предходните два пропаднаа. „Овој пат сум сигурен дека тендерот ќе биде успешен“, рече Ставрески, бидејќи направено е чистење на билансот на фирмата и поставена е добра основа за странските инвеститори, додаде вицепремиерот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град