Во атарите на охридските села Ливоишта, Требеништа, Велмеј и Волино државата ќе дава под закуп околу 29 хектари земја. Максималната површина за која може еден понудувач да аплицира е до 10 хектари. На обработливите површини со кои располга државата меѓу другото се предвидува да се подигаат овоштарници и рибници. Времетраењето на закупот за земјиштето е различно, во зависност од намерата на зантересираните. Така за подигање на долгогодишни насади лозја и овоштарници земјиштето ќе се дава под наем за период до 30 години, а
за одгледување на земјоделски култури и за ливади на 15 години. До 20 години заинтересираните ќе може да изнајмуваат земја за изградба на рибници. 30 години, пак наем е предвиден за спортско-рекреативни активности и за рурален туризам. Ова стои во огласот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од подрачната едница на ресорното министерство информираат дека земјодлците од охридскиот реон досега не покажале интерес за закуп на земјоделско земјиште. Од таму велат дека сеуште има време за да се аплицира.
Огласот започнал пред една недела, а ќе трае до 20 ноември. Земјодлците ќе може да конкурираат за наем на државно земјиште само доколку се регистрирани,.Покрај тоа, заинтересираните треба да понудат и програма за користење на земјиштето со податоци за семејството, техничко-технолошка опременост. Ресорното министерство ќе ја избере најиздржаната, лицитрирана, реална понуда на земјоделците за износот на годишната закупнина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град