Државата сеуште си игра „нати го-дајми го“ со средствата од солидарните фондови

Сеуште не се знае дали Фондот за ПИОМ или Здруженијата на пензионери ќе ги прибираат овие средства.

 |  Лионела Јаковлева  | 
stara zena
стара жена

Сеуште не се знае дали Фондот за ПИОМ или Здруженијата на пензионери ќе ги прибираат овие средства.

Со донесувањето на Законот кој стапи на сила на почетокот на оваа година фондот на Пиом ги превзеде солидарните средства. На тоа реагираа општинските здруженија на пензионери. Тие бараа собирањето и исплатата на средствата и понатаму да оди преку нив бидејќи тој начин е побрз и поефикасен. Уставниот суд пред неколку месеци донесе одлука средствата од солидарните фондови повторно да ги прибираат општинските здруженија. Но во последно време не се почитува оваа одлука.

penzioneriПретседателот на пензионерите од Охрид, Ѓорѓи Трпчевски вели дека ако фондот на Пиом врши прибирање и исплата на средствата од солидарниот фонд, постапката многу се забавува и отежнува. Ќе треба да поминат неколку месеци за корисниците да ги добијат овие средства. Кога има смртен случај нема време за чекање, вели Трпчевски. Парите се потребни веднаш.

Од Министерството за труд и социјала  не сакаа да коментираат на оваа тема па решението на овој проблем останува и понатаму да лебди во воздух.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top