Државата етапно го враќа сјајот на Музејот на Робевци

Четвртоодделенките Марија и Елена, денес беа едни од ретките посетители кои со внимание  и интерес го  разгледаа Музејот, Куќата  на Робевци.

 |  Валентина Нелоска  | 
statua
статуа

Девојчињата велат не се за прв пат тука, но сакаат да ги  обноват  помалку подзаборавените впечатоци. Со детска сериозност раскажуваат дека со нивните врсници често разговараат за овој Музеј и се фасцинирани од неговата убавина и местоположба.

Сјајот на овој величенствен  објект државата го  враќа eтапно во текот на последните две години. Со  обновување на фасадите од јужната и северната страна, и замената на дограмата доаѓа уште повеќе до израз неговата раскошност. Директорот на Завод и  музеј, Тања Паскали Бунташеска најавува, со реновирање на музејот не се запира. Со програмата за 2009 година за заштита на културното наследство се планирани повеќе зафати. Годинава на овој објект ќе се заменува кровот и ќе се конзервира  дрвениот  ентериер , додава Тања П. Бунташеска.
Годинава за санација на кровната конструкција од ресорното министерство се одобрени  1.300.000 денари, а за конзервирање на дел од ентериерот и санација на подот во просториите и во приземјето се издвоени околу 200.000 денари.

Marija i ElenaОд сите со интерес се очекува отварање и на долго посакуваната Златна соба.  Тука се планира сместување на сите златни предмети пронајдени при археолошките истражувања во околината  на Охрид, вклучувјаќи ја Златната маска пронајдена во Требеништа. Покрај добиените средства за реконструкција на  објектот се одобрени и средства за интервенција на соседните објекти од источниот дел на Куќата на Робевци. Во задниот дел од дворот ќе бидат сместени  поставки од подводните архелошки предмети и дрвениот чун кој досега беше сместен во Куќата на  Уранија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top