Државата ги презема долговите на охридски ЕМО

Ќе бидат исплатени сите заостанати придонеси по однос на здравствено и пензиско осигурување како и неплатениот персонален данок на вработените од овој охридски загубар, вели охридскиот пратеник Александар Николоски.

 |  Крсте Голабовски  | 
EMO
EMO

Најреално можно решение за судбината на охридски ЕМО. Македонските пратеници, вчера го усвоија Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Станува збор за дел од еден поголем пакет кој значи комплетно решавање на состојбата во ЕМО кој чини 7 милиони евра, објаснува пратеникот Александар Николоски.

„Во текот на вчерашниот ден Собранието на република Македонија го усвои Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Ист ваков закон беше донесен во 2008 година кога комплетно се исчистија долговите кои ги имаше компанијата ЕМо направено беа резултат на лошото менаџирање на претходното раководство од СДСМ, зошто и претходниот директор Љубе Ставрески доби ефективна затворска казна од 25 месеци“, потенцира Николоски.

Сега, објансува Николоски, сите долгови кои ги има компанијата по однос на неплатени придонеси за здравствено и пензиско осигурување на работниците како и за персонален данок беа преземени од страна на државата и на сите работници, без разлика дали работат редовно или во т.н паралелни дооели, ќе им бидат исплатени комплетно сите заостанати придонеси по однос на пензиско и здравствено осигурување, како би можеле да го регулираат својот стаж.

EMO„Пакетот подразбира дека исто така на сите оние кои работат во ЕМО, ќе им бидат исплатени заостанатите плати во висина меѓу 1000-2300 евра, соодветно на тоа колку плати се заостанати. Исто така ќе се направи обид со реструктуирање на фабриката што повеќе луѓе да ја искористат можноста да одат во пензија со доплаќање на 5 години стаж од страна на државата, законско решение кое специјално се донесува за работниците од ЕМо, како и тоа што повеќе луѓе да останат на работа. Некаде најмалку 500-600 луѓе, вели Николоски.

Ситуацијата со ЕМО е подолг временски период лоша, вели Николоски. Таму долго време се таложеле проблеми,а најголем проблем е превработеноста поради која и пропааѓаа напорите на  Владата да го продаде загубарот. Имено единствен услов беше сите вработени да останат на работа најмалку 5 години. За жал ни еден инвеститор не се јави на продажбите, затоа што сите ценеа дека има превработеност. Исто така тука е и застарената технологија, лошо менаџирање, наследени долгови, фирмата нема бонитет како би можела да учествува на поголеми тендери, така што се ова, се работи кои се таложеле во изминатиов период. Николовски додава дека, Ова е најреалното моментално решение кое беше презентирано пред работниците од страна на потпретседателот на Владата Владимир Пешевски, а тие истото и го прифатија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top