Не може некој да стопанисува со езерото, а трошоците за негово одржување да ги сносат граѓаните на општина Охрид и Струга“ е ставот на охридскиот градоначалник.
Моментот за конечна координација е тука. Кој стопанисува со езерото, чија е одговорноста за неговата заштита?
„Ситуацијата е сериозна, потребен е сериозен пристап, нема место за меѓусебни критики, а конструктивниот дијалог мора да започне“, потенцира охридскиот градоначалник Александар Петрески.
Треба да се лоцираат проблемите и да се дефинираат задачите кои треба да се преземат. Да се знае каде завршува одговорноста на државата, а каде започнува улогата на Локалната самоуправа. Пред се да се користат исти аршини при решавањето на проблемите околу заштитата на Охридското езеро.
Бидејќи со водните ресурси стопанисува државата, таа врши и нивна експлоатација. Во тој контекст, Градоначалникот Петрески ја истакна потребата од амортизирање на трошоците од страна на државата за потрошената електрична енергија за работење на колекторскиот систем.
На трибината, за проблемите, последиците и можните решенија за надминување на настанатата состојба со загадувањето на водите на Охридското Езеро покрај членовите на Комисијата, присуствувааше и Министерот за животна средина и просторно планирање. Тој е согласен по однос на сериозноста од ситуацијата и идентификувањето на причините и детермирањето на одговорностите околу грижата за езерото.
Трибината е во организација на Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија чиј претседател е пратеникот Тито Петкоски, а покрај Министерот за екологија и
градоначалниците на Охрид и Струга, присуствуваа и директорите на јавните комунални претпријатија од двете општини, невладини граѓански асоцијации и релевантни субјекти од стручната јавност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град