Дрворедот на „Македонски Просветители“ е во лоша состојба

Дрворедот на „Македонски Просветители“ е во лоша состојба. Ова било утврдено од стручни лица од локалната а по немилиот настан кога дрво падна врз автомобили. Голоем дел од дрвата на оваа улица во иднина ќе треба да се отстранат.  Од Локалната велат дека се свесни за реакциите од граѓаните за секое сечење на дрво но додаваат дека при пристапување кон таа мерка се води строга контрола.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните реагираат дека во градов има се помалку зеленило. На секое сечење на дрво јавноста се побурно реагира и бара одговори дали навистина тоа е неопходно поради нивна старост и опасност од нивно паѓање или тоа се прави поради некои други причини. Од Локалната објаснуваат дека за секое сечење на дрво се води строга контрола. Во одредени случаи може општинската комисија да дозволи отстранување на здраво дрво доклку е на приватен имот и сопственикот имал оправдана причина за тоа. Тука се и активностите за сечење и поткастрување на дрвата според програмата која е направена од секторот за сообраќај, улици и патишта, а непосредно ја спроведува ЈП „Комуналец“. Кон, за граѓаните , непопуларната мерка, сечење на дрво се пристапува и кога стручните лица ќе утврдат дека претставува опасност по безбедноста на граѓаните и имотот. Сите тие случаи се различни како и телата кои ги спроведуваат и не треба да се мешаат во јавноста, вели општинскиот портпарол. Според Законот за урбано зеленило кога ќе се отстрани едно дрво се засадуваат нови. Одговорно тврдам дека тоа се прави, додава тој.

Јас знам дека јавноста сега пробуди голем интерес за оваа проблематика поради настанот што се случи на улицата Македонски просветители каде падна труло дрво. Но, морам да потенцирам дека невозможно е ние да одиме од дрво на дрво и да направиме проценка, вели Џамтоски.

Состојбата на дрворедот на „Македонски Просветители“ беше утврдувана од Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва. Проценка била правена и порано, пред немилиот настан кога минатата недела падна дрво врз паркирани автомобили. Стручните лица утврдиле потреба за отстранување и на други дрва, но се чека да помине планот за реконструкција на оваа улица па да се преземат мерки, кажува портпаролот на Локалната.

Членови на двете комисии излегле на терен и направиле проценка на дрвата на оваа улица и во 90% од случаите тие дрва на оваа улица се за сечење. Кога ке биде улицата реконструирана тие дрва ќе бидат отстранети и на нивно место ќе бидат засадени нови, вели Џамтоски.

Тој кажува дека интенција на Локалната во иднина ќе биде да ги задржи зелените појаси во градот и да ги обнови, бидејќи сите добро знаеме какво е значењето на дрвата и на зеленилото за чистиот воздух . Инаку последните години Охрид станува се позагаден град земајќи ги во предвид параметрите на пм честичките во воздухот, па екологистите алармираат да се стори нешто додека сеуште има време.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top