Нема фискална со Џи Пи Ер Ес уред, нема дрва

Граѓани реагираат до редакцијата на ТВМ  дека не можат да си набават дрва од Јавното претпријатие Македонски шуми. Причина за тоа е што охридската подружница Галичица сеуште нема воведено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред.

 |  Јаковлева Лионела  | 
дрва
drva

Граѓаните се жалат дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“-охридската подружница на Македонски шуми. Дрва во стовариштето има, но вработените не продаваат бидејќи не можат да ги наплатат. На оние кои се интересирале за купување дрва им било кажувано дека подружницата нема набавено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред. Охриѓани кажуваат дека од подружницата им велеле да си ги нарачаат дрвата, да остават податоци и адреса на живеење а дрвата ќе им ги испорачале кога ќе можат да им ги makedonski sumiнаплатат.  Директорот на подружницата Зоран Најданоски потврдува дека сеуште немаат воведено фискален апарат со Џи Пи Ер Ес. Најданоски додава дека јавното претпријатие „Македонски шуми“  го испочитувало рокот и до 31 јануари започнало постапка кај овластен производител за монтирање на ваков апарат. Тој додава дека за брзо време треба да биде поставен новиот фискален уред.дрва Но, револтот на граѓаните е оправдан затоа што се создава еден вакум во кој временски период тие не можат да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаат да го прекршат законот и да продаваат без да издадат фискална сметка. Се поставува прашањето дали постои некој начин да се надмине ваквата состојба и да се изврши купопродажба без да се прекршат законските норми. Одговор побаравме од Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Битола. Од таму во телефонски разговор ни беше кажано дека тоа што подружницата сеуште нема инсталирано нов фискален апарат не значи дека го прекршиле законот според кој што целиот процес со воведувањето на Џи Пи Ер Ес апаратите требаше да биде завршен до крајот на јануари, бидејќи рокот се однесува на започнувањето на постапката за набавка кај овластен производител на апарати. Што се однесува до тоа дали од подружницата смеат да вршат продажба и како може да го евидентираат прометот до поставувањето на апаратот од УЈП ни побараа прашањето да им го испратиме по меил. До затворањето на дневникот одговор не добивме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top