Драмскиот дел на Охридско лето го отвара сараевската приказна „Жаба“

„Камерниот театар 55“ од Босна и Херцеговина со претставата „Жаба“ ќе го отвори драмскиот дел од програмата на Охридско лето . Претставата претставува психолошка драма која ќе се одигра во предворјето на црквата „Св Софија“ утревечер со почеток во 21 часот.

 |  Николоска Биљана  | 

„Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби.

„Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6 години“.

Претставата „Жаба“ е феномен кој трае 10 години. Емир Хаџихафизбеговиќ директор на камерниот тератар и еден од 4 те ликови во претставата рече дека македонците имаат еден од најдобрите театри во Југоисточна Европа и чест му е што за прв пат ќе се претстават на еминентниот и брендиран фестивал Охридско лето. Претставата „Жаба“ е локална сараевска приказна, но исто така и универзална бидејќи се однесува за сите луѓе од денешницата, време на неразбирање, осаменост и потрага по љубовта и смислата на животот, вели Хаџихафизбеговиќ.

 „Ние четворица десет години ја играме оваа претстава и што повеќе ја играме толку повеќе се бара. Ние го молиме Бога да бидеме здрави и мислам дека уште толку ќе ја играме. Приказната е необична, психолошка драма која се случува во една берберница.

Охридско лето е исклучително културен настан и чест е што сме дел од него вели Мирсад Тука, актер во претставата „Жаба“.

„Јас го играм сараевскиот таксист кои го викаат Шваба, бидејќи на почетокот на војбата избегал во Германија кај стрико му и потоа се вратил после војната како таксист има жена, две ќерки и љубовница“ .

Приказната е интимна и тој што ќе ја гледа ќе го погоди во некој сегмент од неговиот живот, се надоврзува и актерот Александар Сексан.

„Знаете ние имавме ситуации во кои луѓето кои се и наши колеги свесни се некако дека тоа е само производ на играта, имаа потреба да влезат на сред претставата, да ја прекинат работата и да ја спуштат тензијата, што значи дека ние некако му се чини дека одавна го поминавме прагот на играње на театарска претстава“.

Феноменот на долго играње на претставата и какво е чуството кај актерите, го појасна Моамер Касумовиќ

„Јас би посакал на колегите глумци да им се случи една претстава „Жаба“. Ние ги одигравме 233 претстави, заедно и секогаш кога ќе ја завршиме ние се чуствуваме како да е премиерна изведба, како прв пат да ја играме. Коментираме меѓу себе како ја игравме и нашето чуство е дека секоја изведба е поинаква а ја играме со полн жар и енергија

Автор на претставата „Жаба“ е Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ. Таа ќе биде изведена утре 15 ти јули во 21 часот во предворјето на црквата Св Софија. Глумците ветуваат дека ќе обелат образ пред македонската публика и сметаат дека ќе станат респектабилен дел од фестивалот „Охридско лето“. Инаку во драмскиот дел од програмата на Охридско лето ќе има 9 драмски изведби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top