Драма во кајакарскиот клуб во Струга, сместен во само една камионска приколка на Женска плажа.
Драма во кајакарскиот клуб во Струга, сместен во само една камионска приколка на Женска плажа.
Со часови кавги, расправии и турканици. Под силно полициско обезбедување, инспектори, адвокати, пајак камион и багер општината утрово започна со отстранување времениот објект на клубот „Црн Дрим“ ,а кајакарите го бранеа со жив штит.Се качуваа на багерите , полицијата ги туркаше. На крајот се качија на камионската приколка , за да не може да ја отстранат.
Од сите дивоградби на крајбрежието на општинските власти им смета само клубот, вели тренерот., кој појаснува дека поднеле барање за локација , но не им одговарале.
„Ова е атак на сппортот ние дојдовме со една обична приколка да сметаме а се бавиме со спорт не со шоу бизнис, додека цело Охридско езеро е бетонирано. Ова е срам“,вели Игор Малески тренер на Кајакрски клуб Црн Дрим.
Во кајакарскиот клуб тренираат четириесеттина млади и докажани кајакари, двајца од нив се подготвуваат за Олимпијада. Спортистите велат ова е напад на спортот во државата.
„Доколку не отстранат ние нема да имаме каде да тренираме едноставно ќе се повлечиме од спортот јас сум бил на многу светски и европски натпревари ова е срамота од општина Струга, срам за спортот ке го уништат кајакот во Mакедонија“, вели Никола Малески кајакар.
Полицијата ги туркаше и ги убедуваше да се тргнат. Вработените во приватната фирма која го отстанува објектот се караа со спортистите, а упатија закани и кон новинарите.
Општинскиот инспектор кој беше на лице место вели дека има решение за отстранување на објектот.
„Објектот е ппоствen без одобрени на општина Струга нелегално. Иако соппственикот го знаевме не можевме да му доставиме ниту записник ниту решение“ , вели Трифун Танески комунален инсппектор.
Адвокатаот на клубот пак го тврди спротивното, општината започна отстранување на објектот без уредно доставено решение , без извршител и без судски налог. Клубот Црн Дрим Струга постои од 1948 година, во него тренираат кајакари од Струга, Охрид и Дебар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град