Реакција до информативната редакција на ТВМ во врска со вчерашниот прилог за обвинувањата на Д-р Никола Симоноски.
Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко.
Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно, ако за тоа имало потреба.
„Постојано јас и анестезиологот, д-р Јованка Точко бевме во контакт со д-р Соња Србакоска која беше на местото на несреќата заедно со екипата за трансфузиологија, каде што се одвиваше и крводарителна акција“, вели д-р Љатко.
Од таму додаваат дека до последен момент активно се интересирале и биле подготвени да реагираат, доколку за тоа имало потреба.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град