• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ДПМНЕ обвинува: Вработените без плата, а директорите ручаат на сметка на јавните претпријатија

ДПМНЕ обвинува: Вработените без плата, а директорите ручаат на сметка на јавните претпријатија

„Фактури за ручеци, авионски билети за приватни патувања, како и намирници за дома на сметка на јавните претпријатија од Охрид.“ Ова се дел од обвинувањата кои актуелниот пратеник, Александар Николоски ги упати на име на директорите на јавните претпријатија од градов.

 |  Мишел Наумоски  | 
Nikoloski fakturi
Николоски фактури

ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со серија обвинувања упатени на име на директорите на јавните претпријатија од градов. Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски, обвини за расфрлање со средствата на претпријатијата, додека работниците не земаат плати.

fakturi Nikoloski„Осум години вработените во јавните претпријатија не земаат редовна плата, не им се исплаќаат придонеси, а претпријатијата тонат во долгови. Дали е чесно прашуваме, луѓето да одат на работа, а да не земат плата, да не можат да ги планираат своите приходи и расходи, вложувања и кредити, да не можат да ги пуштат децата на факултет, со еден збор, да не можат да си го планираат животот. Дали е чесно да не им се исплаќаат придонеси за здравствено осигурување, за пензиско осигурување, за социјално осигурување. Во исто време, директорите на истите тие јавни претпријатија поставени од Александар Петрески живеат како султанот од Брунеи. Трошат за ручеци, кафани, коли, џипови, намирниците за дома ги плаќаат од сметка на претпријатијата, одат на фудбалски натпревари на познати дестинации, на гиганти како што се Барселона или Баерн Минхен.“-рече актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски.

Николоски, воедно прикажа фактури кои наводно ги докажуваат нивните тврдења.

faktura aviobilet„Тоа е класично поставување на еден робовладетелски систем. Пред мене имам фактури кои ви се поделени, кои би сакал да ги покажам. Тоа се овие фактури, понатака авионски билети на пример на релација Скопје-Франкфурт-Скопје за да се гледа Баерн Минхен. Фактурите како што кажав се од ресторани од Охрид како и од туристички агенции на суми кои за обичниот граѓанин се баснословни. На пример ручек од 20.000 денари, друг ручек од 40.000 денари. Како што можете да видите, ручеците во Охрид се поскапи од ручеците во Париз. Додека вработените во јавните претпријатија живеат на рабуш и купуваат основни намирници и прават зимници за да ја преживеат зимата, работат во село за да видат месо во животот, директорите во Охрид ручаат париски ручеци. Ова се директори поставени од Александар Петрески.“-вели Николоски.

Тој даде и ветување дека од 25ти Март, новите раководители кои тие ќе ги постават ќе даваат  редовни плати, никој нема да биде избркан од работа безразлика на партиската припадност. Тој воедно најави и  целосна ревизија на досегашното работење на јавните претпријатија од страна на соодветни истражни и ревизиони органи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top