Од ДПМНЕ бараат Петрески да одговори кое е грдото лице на Охрид

Тие со обвинувања до актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за непотизам во локалната самоуправа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Mitrovic
Митровиќ

„Грдото лице на Охрид е пресликано во непотизмот во редовите на СДСМ“-вака обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Тие велат дека актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески, лицемерно побарал фер и коректна кампања, а потоа продолжил со навредливиот говор на отворањето на маалскиот штаб на СДСМ кај Отекс. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побараа Петрески да одговори на неодговорената тема-Непотизам.

portparol DPMNE„Дали ќе признае за голем број на примери за непотизам кај вработените во локалната самоуправа. Татко-заменик директор на јавно претпријатие, син-директор на гимназија, сопруг-советник, сопруга-нововработена во локалната, татко-советник, жерла-вработување во локалната, брат-градоначалник, брат-вработен во локалната, со обид за претседател на комисија за јавни набавки. Изразеното лицемерие, политиката на додворување и глумење пред јавноста, можеби помине два пати во минатото, но кај охриѓани не повеќе. Лицемерието само јасно ја покажува хаотичната ситуација во која се наоѓаат СДСМ и стравот на Петрески од веќе сигурниот пораз на локалните избори.“-рече портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Nikola MitrovicМитровиќ додаде дека СДСМ никогаш не дале никаков одговор и дека никогаш немале аргументи. Предупреди дека тие ќе го откријат грдото лице на Охрид.

„Секој ден ќе ги потсетуваме на грдото лице на Охрид кое го оставија во сите сфери. Лицемери, извадете ги гредите од вашите очи пред да барате раски во очите на другиот. Еве зборуваме за Охрид, со одговор на овие прашања за непотизам, всушност се согледува грдото лице на Охрид. Тоа е врвот на непрофесионалноста, неодговорноста и непринципиелноста кон Охрид. Новата локална самоуправа предводена од д-р Никола Бакрачески и советниците на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ќе воведат високи стандарди на принципиелност, стручност и одговорност. Ете тоа ќе биде убавото лице на Охрид што ќе победи.“-вели Митровиќ.

Од ДПМНЕ уште додаваат дека за да биде кампањата фер и обострана, Петрески треба да одговори на овие прашања и на сите неодговорени теми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top