Дотраена водоводна инсталација, голем проблем

Нова водоводна линија бараат жителите на ул Ванчо Питошески. Тие веќе цели десет години се соочуваат со сериозен проблем со водоводно инсталационата мрежа. Водата од разрешетаната цевка, како што ја опшишаа жителите од оваа улица, не само што излегува на површина туку истата понира во куќите и им  создава влага.

 |  Николоска Биљана  | 
cevka
цевка

cevkaПукната цевка прави речно корито на дел од тротоар на ул Ванчо Питошески. Проблемот е стар речиси една деценија, се пожалаа жителите од оваа улица. Велат години наназад екипите на МЈП Проаква, се обидувале да го решат овој проблем но не успеале. Тие бараат градските власти да пристапат кон сериозно решение на проблемот и ги повикаа сите кои се надлежни за тоа.

„Треба под итно да се смени целата водоводна цевка дури и канализацијата која е проблем. Значи ова треба да се реши, да не се чека, мора под итно на Совет во општина да се разгледа, се ќе направиме за да се реши дури сме подготвени да преземеме и радикални мерки ако треба да не плаќаме водовод и канализација, но мора ова да се реши“.  

Попоски во име на жителите од станбениот комплекс и оние во околните куќи, кажа дека пред десетина години во нивните куќи воопшто немало влага, а сега е сосема поинаку, темелите и ѕидовите од нивните ќуќи речиси скапуваат. Тие се сомневаат и во квалитетот на водата за пиење.

cevka„На пример да дојдите да пуштите вода првото пуштање таа е црвена. Ајде за нас повозрасните и не е толку битно но децата ако се напијат ќе имаат проблем со цревни заболувања.

Овој проблем добро му е познат и на првиот човек на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски. Тој признава дека на таа улица дефектите се зачестени и дека при секој зафат кој е од инсталациона природа се случва дефект во водоводно инсталационата мрежа.

„Меѓутоа генерално таа цела водоводна линија треба да претрпи замена, значи да се инсталира нова водоводна линија и мислам дека со Локалната самоуправа и фондот ќе најдеме разбирање и дека ќе добиеме работен налог ние тоа да ги изведиме и да го направиме како што треба, бидејќи е стара таа линија“.

Според Паскалоски реализацијата на овој зафат треба да биде за брзо, но дека сепак зависи од одлуката на локланите власти бидејќи тие се инвеститори. Во моментов службите на МЈП Проаква го изработуваат проектот кој треба да го достават до локалната а кој треба да содржи податоци за: обемот на зафатот, проценка колку ќе чини и потребното време за изведба. Паскалоски вели дека проектот за два до три дена ќе биде предаден во рацете на надлежните во Локалната самоуправа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top