„Ќе направиме се во Охрид да завладее ред и овој град со гордост да го носи приматот туристички центар“, истакна претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов. Од оваа партија остро реагираат на заканите упатувани до семејствата на кандидатите кои се наоѓаат на нивната листа.
Дел од членството на Достоинство се поклона пред споменикот на Светите Кирил и Методи. „Нас како партија главна задача ни е одбраната на македонските национални достоинства, бидејќи македонскиот народ е загрозен од сите страни, поточно тоа е името, идентитетот, историјата и територијата“, истакна претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов.
Ангелов реагираше и на досегашниот тек на кампањата која ја водат двете нејголеми политички партии кои како што кажа за патувачкиот циркус кој го прават, фрлаат огромни средства. Претседаелот на Достоинство проговори и за притисоците кои ги трпат кандидатите за пратеници од оваа партија, но и нивните семејства.
На денешната средба со новинарите се претстави и носителот на листата за 5 тата изборна единица Сашо Гилески, заменик командир во конфликтот во 2001 год.
Политичката партија Достоинство има голема подршка и од дел од македонскио бизнис сектор. Еден од бизнисмените кој цврсто застана зад нив, е Ристо Гуштеров.
„Сите сме сплотени рамо до рамо заеднички во борбата за спас на Р. Mакедонија. Достоинство ја бранеше Mакедонија во 2001 година но и сега ја брани и сега треба да ја одбрани. Тоа е основната причина, вербата во Македонија и македонскиот народ.“-Ристо Гуштеров – носител на листа на кандидати за пратеници од Достоинство.
Од Достоинство се категорични дека оваа нова партија ќе ги придобие граѓаните со нивната чесност и искреност. Тие велат „Во годиниве кои се зад нас, докажавме дека знаеме да си ја зачуваме честа, затоа што не подлегнавме на притисоците“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град