Достигнат максимум на водата во езерото

Водостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см.

 |  Биљана Николоска  | 
ezero
езеро

Ohridsko ezeroВодостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см. Со тоа максимумот е надминат и достигнатата кота од 693,85 се смета за критична, бидејќи за 10 сантиметри е повеќе од договорената кота со Р. Албанија.
Угрински предупреди дека под итно потребна е регулација на водостојот што ја врши ХЕЦ „Глабочица“ за да нема несакани прелевања на водата од езерото.

Абнормалниот водостој на езерото според Дејан Паноски, од билатералниот секретаријат за заштита на води, е природна појава. Тој вели дека се соочуваат со последиците на низок и на висок водостој само што загрозеноста на езерото е од различен аспект. Паноски ја исклучува можноста на посериозни драматични појави.
Сведоци сме дека несакани последици претрпе соседна Албанија со излевањето на Дримскиот басен, рече Паноски. Тој сугерира, за да се избегнат вакви и слични последици треба да се формира прекугранична комисија и да се ревидира 50-годишниот меѓународен план на високо научно експертско ниво.

Добрите познавачи на ваквите состојби велат дека ова ниво на водостој е вообичаен за пролет кога се затоплува времето и кога се топат снеговите на планините а не во февруари како што е евидентен овој случај .
Зачудува индолентниот однос на двете држави Македонија и Албанија кон оваа проблематика која се смета за сериозна, а тие сеуште се раководат на 50-годишниот план во кој не се земени во предвид драстичните климатски промени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top