Достапни сите податоци од Kатастарот на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија.

 |  Валентина Нелоска  | 
katastar
катастар

katastarАгенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија. Со географскиот информационен систем, се добива можност да се пребарува во графичката база на податоци, по број на парцела, или преку податоците да се дојде до  бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. Со користење на услугата на порталот, се добива можност, заинтересираните да имаат пристап до сите податоци, вели Сања Волканова Златаноска, стручен соработник  во Агенцијата за катастар на недвижности. „Со ова услуга се добива преглед на сите недвижности во земјава. Потенцијалните инвеститори ако се заинтересирани за одредена локација можат да ја видат од својата канцаларија и автомобил, конфигурацијата на теренот, инфраструктурата, на кого се води недвижноста и дали со добиените информации да продолжат понатака со инвестирањето, го објаснува најновиот систем, Волканова Златаноска“.

Овие можности на системот се достапни  за анонимни корисници, кои на порталот може да пристапат без најавување. Порталот нуди преглед, навигација и увид во целата графичка база на податоци со кои располага Агенцијата за регистрирани корисници и професионални корисници. Покрај граѓаните, сервисот е намент за архитектите, геодетите и урбанистите.

„Приватните гможе да добијат геодетски точки и  планови, ортофото снимање, а ќе го користат за изработка на планската документација и општинските сектори за урбанизам“.

Покрај оваа услуга, Агенцијата за  катастар на недвижности, претходно изготви уште три сервис услуги, меѓу кои се: увид во статусот на поднесените барања, увид во податоците од катастар на земјиште наменет за сите приватни  геодетски фирми  и  електронски шалтер, наменет за поднесување на барања по електронски пат.

Од Агенцијата за катастар на недвижности на најновиот проект  работеле 6 месеци, со средства донирани од Шведската влада, во вредност од 30.000 евра, но и со дел сопствени средства.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top