Доста слаб интерес за новогодишни патувања

Мал интересот за патувања за Новогодишните празници. Пред пандемијата најпродавани дестинации за дочек на Новата година беа европските метрополи. И зимувањата годинава се сведени на минимум.

 |   | 

Дубаи и Истанбул најатрактивни дестинации за Новогодишните празници. Патувањата во пандемијата се значително намалени, има мал број индивидуални и семејни празнични прошетки. Најбарани дестинации за зимување и годинава се Банско и Боровец во соседна Бугарија. Помал интерес има за Копаоник, а најмал за аранжманите во домашните туристички центри, велат од струшките агенции. И зимувањата годинава се сведени на минимум.

Интересот е доста помал во однос на претходните години меѓутоа имавме доста индивидуални програми. Најголем интерес имавме за Дубаи, имавме доста семејни патувања, Турција-Истанбул е доста барана авионски и автобуски – вели Анкица Крстаноска, туристичка агенција Струга.

Пред пандемијата најпродавани дестинации за дочек на Новата година беа европските метрополи. Две години на сила се рестрикции и ограничувања, поради кои значително е намалена работата на туристичките агенции.  

Се надеваме, многу се надеваме дека оваа година следната што доаѓа ќе биде со многу подобра, поголеми побарувања за патувања за подалечни дестинации, но секако прво да се смири состојбата со пандемијата –  додава Крстаноска.

Во Струга деновиве е раздвижено. Голем дел од печалбарите од Италија, Германија, Австрија и Швајцарија за празниците се вратија дома. Многу помал е бројот на туристи кои за Новогодишните празници престојуваат во Струга.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top