Хигиената е приоритет во Охридското основно училиште “Григор Прличев “ и во подрачните установи.
Хигиената е приоритет во Охридското основно училиште “Григор Прличев “ и во подрачните установи.
Викендов беше работен за службите во некои од училиштата во Охрид. Тоалетите во двете згради во централното училиште “Григор Прличев” и во подрачното училиште во населбата Рача темелно се чистеа со специјални средства и машини.
Во таа насока менаџментот на училиштето се стреми постојано да им овозможи здрав престој на учениците во капацитетите и можностите кои ни се дадени.
2020 година уште од јануари зпочна со заштитни мерки од вируси и сезонски грип:
Извршена е дополнителна дезинфекција и дератизација.
Исклучиво се користат хигиенски средства кои не се штетни за учениците и вработените, а имаат високо дезинфекциско дејство.
Секоја училница засилено се снабдува со гел за дезинфекција на раце и антибактериски сапун.
Од училиштето апелираат до сите вработени и родители постојано да им укажуваат на децата и на училиште и дома да ги следат препораките од Светската здравствена организација според која задолжително е :
Миење на раце пред и по оброк.
Фрлање на отпадок исклучиво во кантите за отпадоци.
Постојано проветрување на просториите и училниците.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град