18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.
„Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања.
Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството.
Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници.
ЈП „Водовод“ наместо најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови, а охриѓани покрај еден од најголемите басени за питка вода се соочува со недостиг на вода за пиење и за лична хигиена.“ – вели Сашо Донев –Претседател ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град