• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Донев: Да побарате од советниците кои сте ги гласале да се спротивстават на предлогот за покачување на цената на водата

Донев: Да побарате од советниците кои сте ги гласале да се спротивстават на предлогот за покачување на цената на водата

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека причина за поскапувањето на водата за кое ќе одлучуваат советниците на следната седница се новите вработувања и зголемувањето на платите во ЈП Вододвод Охрид.

 |   | 


Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење, обвини претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев.

„Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари.“ – смета Донев.

Донев ги повика охриѓани да се обединат против, како што рече, ваквиот однос на градоначалникот кој е понижувачки, срамен и потценувачки.

„Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на предлогот на партискиот послушник Георгиески за покачување на цената на водата. За ваквата одлука на Георгиески граѓаните ќе треба да одвојат од сопствениот буџет вкупно 250 илјади евра годишно. “

Донев посочи дека сè уште има грашани кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, додека на Градоначалникот му било приоритет да му вработи личен возач на директорот на Водовод и разни административни референти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top