Донесен буџетот за 2015та година

Буџетот на општина Охрид за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Според опозицијата неговата проекција е нереална, а според градоначалникот буџетот ја оптсликува реалната состојба во која се наоѓа општината.

 |  Јаковлева Лионела  | 
седница
sednica

 

Буџетот за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Денес после петчасовна бурна расправа беше донесен за некого реалниот, а за некого нереалниот буџет на општина Охрид. Опозицијата со став дека проекцијата на буџетот е многу ниска за да се реализираат сите развојни програми предвидени со него. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојановски вели дека буџетот не е развоен и не дозволува никаква светла иднина на градот.sednica

Она за што реагиравме ние беа лошите буџетски програми кои беа донесени  и нереалното буџетско плснирсње меѓутоа  во целина олкавиот буџет нема да е доволен  и нема да е  доволен  и нема да  има  развојна компонента  во одвивањето на работите во градот се должи на два главни фактори, прво недоволните извори на финансирање  согласно втората фаза на децентрализација, рече Стојаноски.

Градоначалникот Никола Бакрачески пак со став дека проекцијата на буџетот за 2015та е реална во однос на состојбата во која се наоѓа општината. Тој смета дека буџетот е развоен и дека со него ќе бидат реализирани најголемиот дел од  програмите.

никола бакраческиБуџетот овозможува развој онака како што е проектиран  по структура на расходи  односно приходи. Она што сакам да го кажам е дека направивме баланс меѓу доверителите на кои општина Охрид им должи и она што го имаме зацртано како програма, рече Градоначалникот.

Бурна расправа се разви кога советникот од ЛДП, Дејан Блажески обвини оти долгот на општината не е во висина во која се прикажува туку е дупло помал. Тој се повика на документ добиен од службите за финансиикаде стои дека општината должи 915милиони денари, а не 1милјарда и 800 милиони денарикако што се прикажува.

Побарав како советник ставка 220 односно колку е долгот на општината за еднаш засекогаш да разјасниме, но не сакаа да ми одговорат. Она што го пишува во овој документ  е дека долгот е 1милјарда и 800 милиони денари . Ако долгот не е толку тогаш прашувам  колку изнесува тој спрема ГП „Гранит“ и во времето на кој градоначалник тој долг е направен, праша Блажески.

Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека повторно се прави обид за спинување погрешни информации за добивање ситно политички поени.

Задолжувањето на општина Охрид  на 4ти април 2013та година, тогаш  кога јас го добив мандатот, долгот изнесуваше 2 милјарди 38 милиони денари. Ова сум го кажал многу пати досега и се чудам зошто повторно за ова се зборува. Доколку сакате ќе ви овозможиме увид на документите со кои располага општината, а кои се однесуваат на тој долг, дециден е Бакрачески.

Инаку, минатогодишниот буџет изнесуваше околу 700 милиони денари, а два пати се вршеше ребаланс на истиот бидејќи не беше реална проекцијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top