Стопанска Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија донираше сонда за потребите на современиот сименсов апарат за Ехо дијагностика во Специјалната Болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Ова е уште една потврда на десетгодишната плодна соработка која се продлабочува истакна првиот човек на болницата д-р Митко Тилев.
Донација вредна 470.000 денари во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Станува збор за сонда која се употребува за поголемиот дел на медицински прегледи кои се вршат во болницата вели директорот Митко Тилевски. Тоа е во интерес и на пациентите бидејќи со неа ќе може полесно да се дијагностицираат болестите и нивните здравствени проблеми за кои доаѓаат кај нас.
„Ни донираа линеарна сонда, мулти функционална со променлив фокус која што ни беше потребна за ехото што го добивме за да вршиме иследувања кај мускулно скелетен систем, дојки, тестиси, тироида и други органи. Затоа сме благодарни на Стопанска Банка АД Скопје, нашата соработка веќе 10 години интензивно функционира и се надеваме на понатамошна соработка“
Тилевски вели дека соработката со Стопанска Банка е одлична. Пред неколку години оваа компанија исто така донирала медицинска опрема.
„Тогаш добивме еден апарат за невролошкиот кабинет кој до ден денес функционира и се прават соодветни прегледи. Ова е втора донација и ние сме многу благодарни за тоа“ – вели Тилевски.
Денес во посета на Болницата беше и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, г. Диомидис Николетопулос. Пред нив медицинскиот персонал им ја презентираше опремата и нејзините напредни дијагностички капацитети.
Генералниот директор на Стопанска банка
Николетопулос изјави:
“Во секоја прилика кога гледаме како нашите донации помагаат на голем број на пациенти, нивните семејства, но и на медицинскиот персонал во професионално и соодветно лекување стануваме само повеќе поврзани со локалното население, со регионот, со заедницата и чувствуваме дека сме одговориле на нивните потреби, не само со нашите банкарски производи и услуги, туку и во подобрување на нивното секојдневие. Сакам да ве уверам дека Стопанска банка АД – Скопје како финансиска институција со најдолга традиција на пазарот, останува на ваша страна и во постојан конструктивен разговор и во соработка со клиентите.”
Примерот на Стопанска Банка треба да го следат и останатите големи компании во земјава, бидејќи овој болнички комплекс го посетуваат не само пациенти од земјава туку и од соседна Албанија и Косово.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град