Донација за самохраниот татко Николче Крстаноски

Продолжуваат хуманите дела на охриѓани.

 |  Маленкова Татјана  | 
pomos za Krstanoski
помош Крстаноски

Нова донација за семејството Крстаноски. Покуќнина, облека, храна, средства за лична хигиена, играчки  се само дел од хуманиот пакет која за самохраниот татко на две малолетни деца го обезбедија сопствениците на стоматолошката ординација „Д-р Стоев“, Сашо и Марија Стоеви и вработените во ординацијата. Неможе да се опише радоста на  Николчо Крстаноски во моментот на промањето на помошта и од фактот што сепак некој се сетил на нивната мака и решил да им помогне.

„Се снаоѓаме е вака некој ќе ни даде нешто. Социјална помош немам. Неможам да направам документи, pomos za Krstanoskiнемам живеалиште во Велгошти. Физичка работа неможам да работам, затоа што сум болен и треба да се оперирам. Книги за оваа година им дадоа во просветно дело преку Телевизија ТВМ“, вели самохраниот родител Крстаноски.  

Ова не е прва хуманитарна акција на Стоеви. Тие велат дека помагаат онолку колку што можат. Откриваат дека за ова несреќно семејство слушнале на Телевизија ТВМ, по што потоа се информирале во ОО на Црвениот крст.

„Луѓето се во многу тешка состојба. Им помагаме со покуќина, со алишта за децата. Ќе им помогнам и да извадат документи за да може да се пријави и да може да зема социјална помош,затоа што немаат место за живеење. Се надевем дека ова ќе ги потикне и другите граѓани една хуманост да можат да им помогнат. Ќе ги збринам дечињата до 18 години да добиваат стоматолошки услуги во мојата ординација“, вели д-р. Сашо Стоев.

pomos za KrstanoskiДодека Крстаноски се радуваше на она што му е донирано се наметнува прашањето – Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстаноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе шест години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба.
Крстаноски раскажува дека тропнал до сите институции надлежни за решевање на проблемите на вакви семејства. Од таму јасно му било прецизирано дека еднократна социјална помош повеќе не се доделува и дека треба да поддаде документи за социјална помош. Дополнителен проблем му е тоа што и за документите требаат пари, поточно затоа што тој е роден во Збажди , Струшко, и неговата лична карта се води на таа адреса.

Крстаноски е крајно благодарен на хуманите луѓе и искрено верува и се надева дека наскоро и нив ќе ги огрее сонце. Посебно е горд на своите 11 и 9 годишни деца кои и покрај сите проблеми се крајно совесни и одлични ученици.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top